Папата Фрањо ги вети своите молитви за побрзо закрепнување на Адолфо Перез Ескивел, аргентинскиот добитник на Нобеловата награда за мир. Светиот Отец ја изрази својата близина во кратката порака што ја испрати во недела 2 јануари 2022 година, се наведува на интернет страницата на аргентинската епархија Мар дел Плата.
Нобеловецот е хоспитализиран во болница во Мар дел Плата, Аргентина, а по добивањето на веста Папата испрати порака до г. Перез Ескивел преку бискупот од Мар дел Плата монс. Габриел Местре.
Светиот Отец на 90-годишниот активист му вети својата близина и молитви за негово побрзо закрепнување. Упати поздрави и до сопругата Аманда Гуерењо. Нека ве благослови Исус, а Пресвета Богородица нека ве чува“, напиша Папата.
Владиката Местре на новогодишната ноќ го посети Перез Ескивел во болницата. Заедно се помолија, а бискупот му ја подели Светата тајна елеопомазание на болните, стои во соопштението на интернетската страница на епархијата. Монсињор Местре ги повика верниците да се молат за „овој Аргентинец посветен на мирот, општото добро и човековите права“.
Адолфо Перез Ескивел, уметник и писател, ја доби Нобеловата награда за мир во 1980 година за неговиот пацифистички активизам против воената диктатура што владееше во Аргентина од 1976 до 1983 година. Наградата ја доби додека беше на условна слобода после 14 месечната затворска казна во рацете осуден од воената хунта против чија угнетувачка тактика зборуваше.
Перез Ескивел ја прифати наградата за мир во име на „народот од Латинска Америка“ и го осуди општествениот систем кој фаворизираше само некои. Само два дена подоцна, Перез Ескивел преживеа обид за атентат. Продолжи да ги промовира човековите права преку уметноста и неговиот весник „Мир и правда“.
Родум од Буенос Аирес Перез Ескивел беше примен во приватна аудиенција од папата Фрањо само неколку дена по неговиот избор во март 2013 година.
Ватикан њуз/к.мк