Папата: Брзо да одговориме на Божјите изненадувања

Папата: Брзо да одговориме на Божјите изненадувања

Брзо да одговориме на Божјите изненадувања – истакна папата Фрањо на светата Литургија за Воскресението Господово, на 1 април 2018 година, која ја предводеше на плоштадот Свети Петар, во Ватикан.

Во својата проповед се фокусираше на три точки, а првата е навестувањето „Господ воскресна.“ Жените кои отишле на гробот за да го помазат Исусовото тело стоеле пред изненадување. Божјото навестување секогаш е изненадување затоа што нашиот Бог е Бог на изненадување – рече Светиот Отец и додаде: Бог не навестува, а притоа да не изненадува.

Втората пак точка е брзањето на жените. Папата нагласи дека Божјите изненадувања бараат итен одговор, а тоа го гледаме на пример кај Петар и Иван кои брзат на гробот, како и голем број други луѓе во Евангелијата кои исто така веднаш одговараат на Божјите изненадувања. Папата Фрањо додаде дека постои еден човек во Евангелието кој не брза, кој не сака да ризикува. Станува збор за апостолот Тома, но добриот Господ чека на него на истиот начин како што чека на оние луѓе кои не стануваат за да одговорат веднаш на навестувањето -изненадување.

Третата точка на Папата е прашањето: Што е со мене? Дали срцето ми е отворено за Божјите изненадувања? Дали сум во состојба да одам брзо или секогаш ја повторувам истата песна: „утре ќе“? Што ми зборува изненадувањето? – праша Светиот Отец напоменувајќи дека Иван и Петар трчале на гробот, го наоѓаат празен и веруваат. Соочени со изненадувањето на навестувањето и поттикот за брзање, прашањето гласи: „А, јас денес на овој велигден 2018 година што правам? А ти што правиш?“ – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот