Папата апелира за мир и развој во регионот Сахел

Папата апелира за мир и развој во регионот Сахел

Папата Лав XIV упати апел за продолжување на напорите за промовирање мир и развој во целиот африкански регион Сахел.

Зборувајќи за време на обраќањето пред молитвата „Царице небесна“ во недела 10 мај 2026 година, папата Лав XIV изрази загриженост за нестабилната состојба во регионот Сахел, кој се протега низ најјужните географски широчини на Северна Африка, помеѓу Атлантскиот Океан и Црвеното Море.

„Со загриженост ги примив вестите за зголемувањето на насилството во регионот Сахел, особено во Чад и во Мали, каде што неодамна се случија терористички напади“, рече Папата, зборувајќи еден ден по средбата во Ватикан со претставници на Фондацијата „Иван Павле II“ за Сахел.

Тој ги увери присутните во своите молитви за жртвите, ја изрази својата близина до сите што страдаат и упати апел за постојани напори во промовирањето на мирот.

„Се надевам дека ќе престане секој облик на насилство и ги охрабрувам сите напори за мир и развој во тој сакан регион“, рече Папата.

Покрај своето еколошко и климатско значење, бидејќи претставува преодна зона меѓу повлажните судански савани на југ и посувата Сахара на север, регионот е и геополитички простор што долго време е обележан со внатрешна нестабилност и надворешна стратешка конкуренција.

Климатската криза продолжува да предизвикува чест недостиг од храна и вода, а корупцијата во власта придонесе за државни удари, бунтови и тероризам.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот