Панахида по повод една година од упокојувањето на о. Дудаш

Панахида по повод една година од упокојувањето на о. Дудаш

Во недела 30 октомври 2016 година се навршува една година од упокојувањето на о. Јоаким Дудаш, кој беше 20 години парох на еноријата „Успение на Пресвета Богородица„ во Нова Маала, и на филијалата „Свети Георги Победоносец“ во Чанаклија, кој на 30 октомври 2015 година се пресели во Царството на нашиот Отец Небесен.

По тој повод се служеше Литургија за душата на упокоениот отец Јоаким Дудаш, а пред самиот завршеток од светата Литургија, парохот о. Спасо Ристов во парохиската Црква во Нова Маала и капеланот о. Ванчо Назов во филијалната Црква во Чанаклија, во присуство на верниците молеа и панахида.

к.мк/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот