Свети Беда, монах од IX век, во своите хомилии вели вака: Свети Иван Крстител го даде својот живот за Христос, иако не му било наредено да го негира Исуса, туку само му било наредено да ја замолчува вистината.
И тој не ја затаи вистината и така умре за Христос кој е Вистината. Токму заради љубовта кон вистината, не направи компромиси и не се плашеше да упати силни зборови кон оние кои го изгубиле Божјиот пат.
Ние ја гледаме оваа голема личност, оваа сила во страста, во истрајноста против моќните. Прашуваме: од каде се раѓа овој живот, оваа толку силна, толку исправена, толку кохерентна духовност, целосно потрошена за Бога и за да се подготви патот за Исус? Одговорото е едноставен: од односот со Бога, од молитвата, која што е водечка нишка на целото нејзино постоење. (…)
Но, Иван Крстител не е само човек посветен само на молитва, на постојан контакт со Бог, туку исто така и водич за овој однос. Евангелистот Лука опишувајќи ја молитвата „Оче наш“, во која Исус ги поучува учениците како да се молат, забележува дека барањето од страна на учениците било формулирано со овие зборови: „Господи, научи нè да се молиме, како што ги научи Иван учениците свои“ (Лк 11, 1).
Прославувањето на мачеништвото на Иван Крстител нè потстсетува исто така и нас, христијаните од денешно време, дека не може да имаме компромис со љубовта кон Христос, кон неговото Слово, кон Вистината. Вистината е Вистина, не постојат компромиси. Христијанскиот живот бара „мачеништво“ со секојдневната верност кон Евангелието, храброст т.е да дозволиме Христос да расте во нас и Христос да ги насочува нашите мисли и дела.
(Бенедикт XVI)
Колкумина денес ја имаат истата храброст и истата љубов за Вистината? Во лажниот екуменизам и ефтината добрина, со цел да му се угоди на светот, се негира Христос. Должност е на секој верник да ја зборува вистината и да ја брани како што правел Иван Крстител.
к.мк/З.А.