Отворена реновиранта нунцијатурата во Хондурас

Отворена реновиранта нунцијатурата во Хондурас

За време на посетата на Хондурас, по повод инаугурацијата на апостолската нунцијатура, заменикот за општи работи на Државниот секретаријат на Светиот Престол, надбискупот Пења Пара, потсети на „долгата историја на дипломатските односи“ меѓу Светиот Престол и Хондурас, кои со години имаат „силни“ билатерални односи.

„Оваа апостолска нунцијатура е јасен знак за грижата на Светиот Отец за Црквата, народот и сите власти на оваа благородна земја“, изјави заменикот за општи работи на Државниот секретаријат на Светиот Престол, надбискупот Едгар Пења Пара, за време на церемонијата на повторното отворање на реновираното седиште на Папското претставништво во Хондурас што се одржа во петокот на 12 јули во главниот град Тегусигалпа.

Духовна близина на папата Фрањо

Надбискупот Пења Пара го започна својот говор пренесувајќи им ги на присутните „срдечните поздрави и духовна близина на папата Фрањо“ и потсетувајќи на „долгата историја на дипломатските односи меѓу Светиот Престол“ и Хондурас.

Тој посочи дека повторното отворање на апостолската нунцијатура ги „покажува силните билатерални односи кои постојат со години“, кои „се засноваат на приоритетниот интерес на Црквата да биде „внимателен и чувствителен набљудувач на проблемите што се однесуваат на човештвото“, како што истакна Папата до дипломатскиот кор акредитиран во Светиот Престол на 7 јануари 2019 година – со искрена и скромна желба да се биде во служба на доброто на секое човечко суштество“ и неговиот целосен и глобален развој“.

„Домот на Папата“

Заменикот за општи работи на Државниот секретаријат објасни дека апостолската нунцијатура „od milja“ се нарекува „дом на Папата“ бидејќи „работата на апостолскиот нунциј е и да се грижи за односите на локалната црква со Светиот Отец и Светиот Престол.“

Затоа, додаде тој, претставникот на Папата „ја воплотува грижата на наследникот на Петар и општата Црква за овој дел од Божјиот народ кој оди на ходочестие во Хондурас, како знак на заедништвото на сите негови членови со мистичното Тело Христово“.

Односите меѓу Светиот Престол и Хондурас

Потоа, навраќајќи се на историјата на односите меѓу Светиот Престол и Хондурас, монс. Пења Пара истакна дека од „белешките во архивата на Државниот секретаријат“ може да се утврди почетокот на дипломатските односи во 1861 година. Меѓутоа, односите набргу биле прекинати, но „продолжиле на почетокот на минатиот век со претставникот на Папата во неколку земји од Централна Америка и со резиденцијата во Гватемала“. Првата нунцијатура во главниот град беше отворена во 1993 година и оттогаш претставникот на Папата континуирано работи во „оваа благословена земја“.

Монс. Пења Пара ги спомна и оние кои служеа како дипломати во Хондурас, нагласувајќи дека „многу ја сакале оваа земја“ и потсети дека од 2002 до 2006 година ја извршувал должноста советник во апостолската нунцитура.

„Тоа беа убави и интензивни години во кои вршев дипломатска и свештеничка служба што ме исполни, благодарение на приемот што ми го укажа црквата на Хондурас“, рече заменикот за општи работи на Државниот секретаријат и на крајот изрази благодарност до Апостолскиот нунциј монс. Габор Пинтер, неговите соработници и оние кои „со толку посветеност и ангажирање“ го овозможија повторното отворање на папското претставништво.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот