Осветен свештеничкиот дом и социјалниот центар во Сарај

Осветен свештеничкиот дом и социјалниот центар во Сарај

На 21 октомври 2018 година, по повод осветувањето на свештеничкиот дом и социјалниоот центар при парохијата „Свети великомаченик Димитриј“, во село Сарај, се служеше света Архиерејска Литургија предводена од Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски Епарх, во сослужение на свештениците од Струмичко – скопската eпархија.

Во пригодната проповед Неговото Високопреосвештенство изложувајќи ја важноста на мисиската недела и осврнувајќи се на Евангелското читање, истакна и за важноста на настанот од Литургиското славење во ново формираната парохија во с. Сарај. Истакна дека мисионерите не се потребни само во далечните краеви од светот, туку дека потребни се мисионери и овде меѓу нас,

Новопоставениот парох о. Ванчо Назов му се заблагодари за присуството на Неговото Високопреосвештенство и за неговата пастирска и татковска грижа, и во знак на таа благодарност, младите од парохијата му поклонија икона на свети идмитриј.

По завршувањето на Светата Литургија со многолетствие беше благословен новоизградениот свештенички дом и социјален центар, а потоа присутните останаа во заедништво и дружење

к.мк.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот