Радио Марија на 31 октомври 2021 година организираше „Молитвен маратон – 24 часа молитва света Бројаница“ со кој заврши Октомвриската побожност.
24 часа, молитвата света Бројаница беше во центарот на семејства, заедници и поединци, кои од своите домови се придружија на молитвениот синџир со еден час молитва.
Повеќе од 60 луѓе од Струмица, Радово, Ново Маала, Петралинци, Богданци, Гевгелија и Скопје одговорија на повикот на Радио Марија за учество во молитвениот маратон, покажувајќи подготвеност за молитва во раните утрински часови, и доцните вечерни часови, создавајќи 24 часа непрекината молитва.
Молитвената накана на која молеа учесниците во молитвениот маратон беше за успех на синодата, за престанок на пандемијата со Ковид-19 и за различните потребите на верниците и луѓе во потреби.
к.мк