Дезориентација и повторна ориентација, се клучните зборови кои а светата Литургија на 25 јули во црквата Света Марија во парохијата Мајо во Ирска ги истакна монсињор Мајкл Неари, надбискуп на Туам
Дезориентација и повторна ориентација, се клучните зборови кои а светата Литургија на 25 јули во црквата Света Марија во парохијата Мајо во Ирска ги истакна монсињор Мајкл Неари, надбискуп на Туам. Имено последната неделиа месец јули ирските католици традиционално ходочастат на гората Croagh Patrick, а централен настана е светата Литургија. Ходочастието се одржува секоја година во чест на свети Патрик кој во 441 година, постејќи и молејќи помина 40 дена на гората. Оваа година поради здравствените мерки за заштита од коронавирусот, ходочастието не можеше да се одржи и наместо тоа организирано е само евхаристиско славење
Преминавме од период на дезориентација, која ја предизвика пандемијата, во но период на ориентација, кој нѐ води кон надежта – рече надбискупот повикувајќи ги верниците да размислуваат за врските на својата вера со она што било и што можеби ќе биде, моменти за промени и предизвик за сите. Доаѓањето на болеста КОВИД – 19 беше ненадејно и неочекувано, но со помошта на верата во Господ започнуваме да ја согледуваме новата фаза која има големи позитивни можности. Имено начинот на кој претходно живеевме, кој беше заснован на потрошувачка култура, на прекумерно производството на добра, на пазарна економија, на користољубивост, непознавање на идентитетот на луѓето, , како и оддалеченост од верата и верските вредности, сега можеме подобро да ги вреднуваме и промениме.
Подготвени сме да ја прифатиме и промовираме солидарноста и вредностите кои произлегоа од кризата со пандемијата. Секако, како луѓе полни со надеж, треба да го одвоиме важното од неважното, ценејќи ја убавината на светот и својата одговорност на патот на животот со давање помош едни на други – рече на крајот надбискупот Неари.
Ватикан њуз/к.мк