Интегрирана социјална и здравствена заштита за ранливото население на Западен Балкан
На 18 ноември 2021 година, преку зум платформата се одржа првата иницијална национална средба на проектот “Грижи се”.
За време на средбата сеопфатно е презентирана проектната идеја, целите, активностите и планираните очекувани резултати. Говорници на средбата беа директорите на трите оранизации кои го имлементираат проектот “Грижи се” , проектните координатори, претставник од Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија, претставник од Каритас Австрија, како и претставник од Заводот за социјални дејности во Скопје. Исто така, на средбата учествуваа и претставници од клучни државни институции од области на делување, претставници на граѓанскиот сектор, интернационални организации, приватни компании Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, претставници на локалните самоуправи од повеќе општини, медиуми, новинари и други граѓански активисти.
Овој проект се имплементира на регионално ниво на земјите од Западен Балкан помеѓу кои е и Македонија. Проектните активности се реализираат во временски интервал од јули 2021, заклучно до декември 2022 година. Главен акцент е ставен на ромската популација, бездомниците, жените и лицата во социјален ризик во услови на глобалната пандемија со Ковид – 19.
Проектот ”Грижи се” е поддржан од меѓународната програма на Сојузното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија, коj обезбедува директна поддршка на најранливите категории во справување со влијанието на кризата, предизвикана од пандемијата со Ковид-19. во земјите од Западен Балкан.
Во нашата држава, проектот го имплементира Хуманитарно добротворната фондација Македонски Каритас, во партнерство со Асоцијацијата за демократски развој на Ромите – Сонце од Тетово и Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци – Љубезност од Скопје.
Во проектот опфатени се активности кои се однесуваат на: обезбедување вдомување на бездомни лица, обуки/работилници за животни вештини, психо-социјална поддршка за ранливите категории, стручно советување, образовна аситенција на деца од основно образование, посета во домови, обезбедување на правна, медицинска помош, поддршка при обезбедување на социјални трансфери, остварување на правата од областа на социјалната и здравствената заштита на корисниците. Дополнитлено, во проектот ќе се пилотира активноста за асистенција при отварање на банкарски сметки и финансиска писменост на бездомните семејства.
Имаше плодна и продуктивна дискусија, споделување на искуства, позитивни практики, при што беше поттикната взаемната соработка помеѓу сите чинители во контекст на интегриран пристап и цел успешна имплементација на проектот.
Ватикан њуз/к.мк