Прес центарот на Ватикан објави распоред со богослужбите, кои папата Фрањо ќе ги предводи до крајот на февруари. Покрај двете свети Литургии кои ќе ги предводи, папата Фрањо ќе ја посети и базиликата Свети Павле надвор од sидините на градот каде ќе моли Вечерна молитва по повод завршувањето на Молитвената осмина за единство на христијаните.
На третата недела во годината – недела, која според Апостолското писмо Aperiut illis од 2019 година е посветена за размислување и ширење на Словото Божјо. Со почеток во 10.00 часот папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија во базиликата Свети Петар. Следниот ден, 25 јануари, на празникот Преобраќање на свети Павле и завршување на 54. Молитвената осмина за единство на христијаните, Папата ќе ја предводи во 17:30 часот Вечерната молитва во римската базилика Свети Павле надвор од градските sидини, која традиционално е домаќин на настани со екуменски карактер.
Во февруари има само еден датум во календарот за богослужби на Папата. Имено на 2 февруари, папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија на празникот Сретение Господово и воедно 25. Светски ден на посветениот живот. Литургијата со папата Фрањо на овој ден, со почеток во 17:30 часот, повторно ќе биде во ватиканската базилика, а ќе присуствуваат членови на заедници на посветен и апостолски живот.
Ватикан њуз/к.мк