Обраќање на м-р Даријан Сотировски на промоцијата на енцикликата „Слава Тебе“

Обраќање на м-р Даријан Сотировски на промоцијата на енцикликата „Слава Тебе“

Обраќање на м-р Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религизони групи на промоцијата на енцикликата на папата Фрањо „Слава Тебе“, која се одржа во ресторантот „Рагуса 360“ на 3 октомври 2023 година во Скопје.

Почитувани,

Колку човекот одбива лек, мислејќи дека е здрав, не му чини работата. Основен предуслов да се лекува е пациентот да е свесен за својата состојба и да сака да оздрави, да го прифати процесот на лечење. Подеднакво истово важи и за општеството, за државата, па ако сакате и за црквата. Енцикликата Слава Тебе, ја прочитав и анализирав со полно внимание. Заклучив дека во секоја реченица на папата Франциск има многу содржина, многу суштина. Папата сака со ова послание да го освести светот, да ги увиди состојбите и да го мотивира да сака да прими лек, да започне да се лекува.

А човекот денес е се повеќе слеп, отуѓен и себичен, па 21 век дава слика за целокупното постоење како расчовечена средина, во која нема место за она што знаеме да го наречеме добрина. Во ваква состојба пати поединецеот, но пати и природата, животинскиот и растителниот свет, патат цели народи, цели возрасни и социјални групи.

Папата гледајќи ја најшироко големата слика, разбира дека се е производ од скршнувањето од патот на љубовта. Па, повикувајќи се на Света Тереза од Лизје не повикува да чекориме барем по малиот пат на љубовта, а тоа значи да не ја пропуштиме можноста да кажеме убав збор, да испратиме насмевка или да направиме некој мал гест што шири мир и пријателство. Целосната екологија се состои и од едноставни секојдневни гестови, со кои ја уриваме логиката на насилство, искористување и себичност. Токму таа доминантна логика е причината за деградацијата на се што традиционално цениме како вредност.

Почитувани,

Кога нешто е значајно, без разлика дали е кажано, напишано или пренесено, мора да ја оправда својата значајност со применливост и црпење на поука. Ете не нас во Македонија, ги слушаме и ги размислуваме овие високо морални поуки на папата Франциск. Апатијата која владее поради неостварени очекувања или предвидени неостварувања, меѓучовекова отуѓеност, како и деградирање на јавниот морал е интензивна. Папата цени дека од рамнодушноста на заедницата се ослободуваме кога се појавува нова локална општествена структура која го промовира општото добро и пројавува култура на грижа. Тоа се малите иницијативи на наши сограѓани за безброј различи и полезни работи кои ни минуваат пред очи без да ги забележиме. Во нив е потенцијалот за будење на народот и наметнување на генерална култура на грижа за општото добро од сите во едно општество. Доколку еден човек пројавува несериозна површност, како што вели Папата Франциск, а јас ќе додадам не се грижи за својот дом, за својата улица, за својот град, за својата татковина, не ги поддржува локалните иницијативи, не сочувствува со борбата на другите, не се радува на секое зелено дрво и на секое добро воспитано дете, тој човек во ниту еден случај не е полезен за својата нација, но е добар како негативен пример од кој сите треба да учат. Нам ни е насушно потребна искрена служба на јавното добро од сите.

Нашиот заеднички дом има потреба од нашата постојана грижа!

Ви благодарам за вниманието,

Да се видиме и за промовирањето на вториот дел на енцикликата!

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот