Нов напад во Сиднеј: Во црквата избодени епископ, свештеник и неколку верници

Нов напад во Сиднеј: Во црквата избодени епископ, свештеник и неколку верници

Епископ, свештеник и неколку мажи се избодени со нож во понеделник 5 април 2024 година во црква во Сиднеј, јавуваат австралиските медиуми.

Вознемирувачки напад со нож за време на црковна служба во предградие на Сиднеј во кој најмалку четири лица се повредени, меѓу кои и еден епископ. Инцидентот се случил во црквата Христос Добриот Пастир во Вејкли, која се наоѓа на приближно 30 километри западно од Сиднеј.

Нападот се случил по 19.00 часот по локално време за време на библиската средба која ја водел епископот Мар Мари Емануел. Средбата била пренесуван во живо на Фејсбук, а многу верници надвор од црквата биле сведоци на нападот.

Според изјавите на сведоците, непознат маж го нападнал епископот прободувајќи го неколку пати. Полицијата го привела осомничениот и соопшти дека сите повредени се надвор од животна опасност.

Деталите за мотивот зад нападот остануваат нејасни, а властите допрва треба да потврдат конкретни детали. Полицијата соопшти дека привела осомничен во врска со инцидентот.

Тоа е веќе втор напад за само два дена во Сиднеј. Во саботата Џоел Каучи уби шест лица во трговски центар во близина на познатата плажа Бонди.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот