На повикот за молитва и апел за мир од Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов, во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала една од формите на молитви е „Крстниот пат“ која ќе биде наменета за благосостојба на нашето општество и за доброто на нашата држава, Република Македонија.
На иницијатива на парохот о. Спасо Ристов, кој ги повика верниците преку молитва да учествуваат за зачувување на мирот и спокојот во државата, во парохиската црква со запалени свеќи и со набожни песни се молеше „Крстен Пат“. Сѐ до Велигден, секој петок, молитвата „Крстен Пат“ ќе биде во накана за зачувување на мирот во Република Македонија.