Нова Маала – Благодарни свети Литургии

Нова Маала – Благодарни свети Литургии

Во вторник 15 ноември 2016 година во парохиската Црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала започна циклусот на свети Литургии на накана за секое семејство од истата парохија.

Секој вторник и четврток со почеток во 18:00 часот, верниците од парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала, на крајот од календарската година, односно од средината на ноември до Нова Година, веќе по трет пат, почнувајќи од „Годината на семејството“, на посебен начин ги искажуваат своите молби и благодарности кон Господа на овие таканаречени „Свети Литургии за семејството“.

За време на овој циклус, во одреден ден, по неколку семејства имаат можност во поинаква атмосфера да му благодарат на Бога за сите благодати со кои биле обдарени преку целата година, а исто така и да бараат следната година да им биде попросперитетна и поблагодатна околу потребите во кругот на едно семејство.

к.мк/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот