Неокатекуменски пат: Марија Асенсион Ромеро ја наследи Кармен Хернандез

Неокатекуменски пат: Марија Асенсион Ромеро ја наследи Кармен Хернандез

„Тоа не е замена, туку избор „ad experimentum“. Така, иницијатор на црковното движење, Неокатекуменски пат, Кико Аргуељо, заедно со отецот Марио Пеци, го објави назначувањето на 57-годишната шпанка Марија Асенсион Ромеро за раководител на меѓународниот тим на Неокатекуменското движење.

Улогата што ја вршеше долги години Кармен Хернандез, која почина по долгото боледување, на 19 јули 2016 година, на возраст од 86 години.

Кармен останува незаменлива

За време на средбата со мисионерите на движењето, Кико истакна дека „Кармен ќе остане незаменлива во историјата на Неокатекуменскиот пат, а изборот на Марија Асенсион Ромеро беше направен после темелно размислување и по барање на ватиканската Канцеларијата за лаици, семејство и живот врз основа на статутите, кои го регулираат црковното движење одобрени во 2008 година. Во ставот 35 од овие статути се предвидува присуство на невенчана жена во одговорниот тим.

Која е Марија Асенсион Ромеро?

Марија Асенсион Ромеро е шпанка. Пред околу 25 години била мисионер во движењето во Русија. Девет години живее во Казахстан, а дванаесет во Санкт Петербург, во парохијата на „Пресвето Срце Исусово.“ Од летото 2017 година соработува со Кико Аргуељо и отец Марио Пеци. Тоа што ја поврзува со Кармен е нејзиното потекло од Тудела, епархија Памплона, но исто така и теолошката доктрина. Пред сè, таа е дефинирана како смирена и дискретна жена.

Таа ќе се сретне со Папата во Рим

Заедно со Кико Аргуељо и отец Марио Пеци, Марија Асенсио Ромеро ќе се сретне со папата Фрањо на на 5 мај во Тор Вергата, Рим, по повод 50-годишнината од формирањето на заедницата Неокатекуменски пат во Рим и во цела Италија.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот