Неделно Слово – Деветнаесетта недела по Педесетница

Неделно Слово – Деветнаесетта недела по Педесетница

Ви го пренесуваме размислување за Осумнаесетта недела по Педесетница според Евангелието од Лука 6,31-36 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.

 

Од светот Евангелие според Лука (6,31-36)

Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!

И ако ги сакате оние, што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги милуваат оние, што ги сакаат нив.

И ако им правите добро на оние, што вам ви прават добро, каква ви е наградата? Оти и грешниците го прават тоа.

И ако им давате заем на оние, од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници, за да им се врати истото.

Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто и Он е добар кон неблагодарните и кон лошите.

И така, бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот