Ви го пренесуваме размислување за Осумнаесетта недела по Педесетница според Евангелието од Лука 7,11-16 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.
Од светото Евангелие според Лука (7,11-16)
И се случи потоа да оди во градот наречен Наин; и со Него одеа мнозина Негови ученици и многу народ.
А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка си, а таа беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа.
Штом ја виде Господ, се сожали на неа, па ѝ рече: „Не плачи!”
И кога се приближи, се допре до носилото; носачите застанаа, а Он рече: „Момче, тебе ти велам, стани!”
Мртовецот стана и седна, и почна да зборува; и Он го предаде на мајка му.
И страв ги опфати сите, и Го славеа Бога и велеа: „Голем пророк се јави меѓу нас.” и „Бог го посети Својот народ.”

