Многу луѓе потполно заборавиле, која е целта на нивниот живот на земјата. И да не беа неволјите и мизеријата што го снајде човештвото, многумина никогаш повеќе немаше да се обратат кон Бога. Можеби добро се снаоѓаа на Земјата неколку години, но ќе страдаат во цела вечност. Бог сака да ги избави преку овие тешки неволји. Многупати сте ја слушнале приказната за блудниот син. Сè додека имало пари во неговиот џеб, не му паднало на памет да се поправи и да се врати на чесен живот во куќата на неговиот татко. Само тогаш, кога имаше голема глад и тој немаше што да јаде, но јадеше рокчиња, со кои ги хранеа свињите, тогаш очите му се отворија. Дури тогаш ја удри тупаницата во градите и враќајќи се кај својот татко, покајно се исповеда: „Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници“.
Сигурно е дека ужасните зла кои го погодуваат човештвото се многу болна операција, но исто така е и сигурно дека многу луѓе повеќе никогаш не би го нашле патот кон Бог Небесниот Отец (…)
Господ дозволува проблемот да ги стисне праведниците
Што мислиш, зошто? Секако не за да ги уништи, туку за да ги испита. Пред да дува силна бура, никогаш не може да се знае, дали корењата на дрвото се цврсти или не. Слично на тоа, пред да се појават неволји, не може да се каже дали човекот повеќе го сака Бога или созданијата, од кои мора да се откаже страдајќи на еден или друг начин. Јов несомнено бил свет човек, бидејќи Светото Писмо го нарекува праведен. Но, неговата светост и величина се појавија во центарот на вниманието само кога, без да мрмори и да се жали, ги прими од раката на Бога страшните удари, губејќи ги сите свои деца и целиот свој имот, дури и физичкото здравје. Плевата не може да се оддели од пченицата, освен со дување на ветрот. А, миризливите растенија најдобро го покажуваат својот мирис кога се малку смачкани меѓу прстите.
Блажен Алојзиј Степинец извадок од Окружницата: За довербата во Бога во ужасните времиња што ги доживуваме, 7 јануари 1945 година.