Споменикот на мигрантите „Angels Unawares“ (Несвесни ангели) на плоштадот Свети Петар сега има QR код каде посетителите ќе можат да дознаат повеќе за реалноста на мигрантите и бегалците и да се запознаат со учењето на папата Фрањо.
Од 29 декември на скулптурата е поставена плочка со QR код кој овозможува пристап до интернет страницата на различни јазици: шпански, англиски, француски, португалски, германски. Посетителите ќе можат да се информираат за потеклото на скулптурата и учењето на папата Фрањо поврзано со реалноста на мигрантите и бегалците. Целта е да се помогне да се цени делото и да се поттикне на подлабоко читање, да се помогне во подигање на свеста за реалноста на човековата мобилност низ вековите, која се изразува и преку уметноста.
Скулптура на канадскиот уметник Тимоти П. Шмалц беше поставена пред две години на главниот плоштад во Ватикан по повод 105. Светски ден на мигрантите и бегалците. Во природна големина, тој прикажува разновидна група мигранти и бегалци. Во центарот се издвојуваат крилја на ангели, што укажува на присуство на светото. Бил вдахновен од библискиот пасус „Гостољубивоста не заборавајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели!“ (Евреите 13,2).
„Одлучивме да вклучиме културни информации и црковни учења од последниве години за да им помогнеме на сите туристи и посетители на Ватикан и тие да станат поклоници“, истакна кардинал Мајкл Черни, потсекретар на Одделот за мигранти и бегалци.
Ватикан њуз/к.мк