На Светскиот ден на радиото Радио Ватикан одбележува 95 години

На Светскиот ден на радиото Радио Ватикан одбележува 95 години

По повод Светскиот ден на радиото, Радио Ватикан одбележува 95 години постоење со програма на седум јазици посветена на иднината на радиото и на темата на денот: „Вештачката интелигенција е алатка, а не глас“.

На 13 февруари 2026 година, по повод Светскиот ден на радиото (WRD), Радио Ватикан – Vatican News промовира посебна иницијатива на седум јазици, со седум радио-програми кои ќе бидат објавени и како тематски подкасти, посветени на иднината на радиото, јавниот сервис, иновациите и односот меѓу медиумите, општеството и вештачката интелигенција.

Оваа иницијатива се одржува ден по 95. роденден на Радиото на Папата, 12 февруари 2026 година. Основано во 1931 година по иницијатива на папата Пиј XI и создадено од таткото на радиото, Гулиелмо Маркони, папското радио претставува едно од најстарите радио-искуства во светот, родено со мисија да го поврзе Светиот Престол со сите делови на планетата и да им се обраќа на народи, култури и јазици што се различни.

Во срцето на програмите ќе биде темата избрана за Светскиот ден на радиото 2026: „Вештачката интелигенција е алатка, а не глас“. Оваа порака претставува појдовна точка за размислување и дијалог, особено во светлина на Пораката на Светиот Отец за Светскиот ден на средствата за општествена комуникација 2026 година, која ја истакнува вредноста на човечката одговорност, расудување и автентичниот глас во комуникацијата во времето на вештачката интелигенција.

Седумте програми ќе вклучат меѓународни експерти, раководители на медиуми, научници, иноватори и професионалци од радиото и медиумскиот сектор, повикани да размислуваат за тоа како радиото, длабоко човечки медиум составен од глас, однос и блискост, може да живее во времето на вештачката интелигенција без да го изгуби својот идентитет.

Програма на англиски јазик

  • Отец Фелмар Кастродес Фиел, SVD, генерален директор на Radio Veritas Asia
  • Чуол Џани, главен уредник на Catholic Radio Network, Јужен Судан

Програма на француски јазик

  • Баптист Детомб, автор на книгата „L’homme démantelé“
  • Отец Ернест Куадио, доктор по социјална комуникација, специјалист за односот меѓу Црквата и вештачката интелигенција
  • Флоран Латрив, раководител на дигитална стратегија во Radio France

Програма на германски јазик

  • Грегор Шмалцрид, експерт за вештачка интелигенција, новинар и подкастер, ARD (Германија)
  • Штефан Колингер, главен директор за иновации, ORF (Австрија)
  • Филип Мајер, член на уредничкиот одбор, SRF (Швајцарија)

Програма на шпански јазик

  • Ноел Дијас, директор на радио-мрежата ESNE (САД и Централна Америка)
  • Фрај Мигел Гуљон, претседател на Латиноамериканската асоцијација за образование и народна комуникација
  • Ева Фернандез, дописничка на Radio COPE Шпанија

Програма на италијански јазик

  • Андреа Борњино, раководител на уреднички содржини, RaiPlay Sound
  • Ивана Фачиоли, директорка на RTL 102.5 News
  • Масимилијано Меникети, заменик уредник одговорен за Радио Ватикана – Vatican News
  • Алесандро Ѓизоти, претседател на Групата за радио и аудио вести на Европската радиодифузна унија (EBU)

Програма на португалски јазик

  • Отец Жозе Инасио де Медеираш, CSsR, поранешен генерален директор на Rádio Aparecida
  • Фернандо Геронацо, советник за комуникации на Архиепископијата на Сао Пауло и на кардинал Одило Шерер
  • Отец Данило Пинто дос Сантос, Архиепископија на Салвадор
  • Директор на Rádio Excelsior da Bahia (Фондација Дом Авелар Брандао Вилела)

Програма на полски јазик

  • Патриција Михоњска, директорка на Radio Plus (Eurozet)
  • Отец Мариуш Венџук, директор на Форумот на независни католички радија
  • Мирослав Каспржак, раководител на Radio Lublin
  • Кшиштоф Киричук, Radio Zet

Програмите ќе ги поврзат искуствата од Европа, Африка, Латинска Америка и Азија, покажувајќи дека радиото и понатаму останува незаменлива алатка за блискост, образование, евангелизација, јавен сервис и иновации.

Деведесет и пет години по своето основање, Радиото на Папата, создадено од Маркони, уште еднаш ја потврдува својата првобитна мисија: да го обединува светот преку брановите на гласот, денес и преку подкасти и нови дигитални платформи. Во ерата на вештачката интелигенција, радиото сака да го потсети светот дека технологијата може да биде алатка, но гласот секогаш останува човечки.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот