На Папскиот универзитет Грегоријанa ќе се одржи конгрес насловен „Теологијата на испит за синодалноста“
На Папскиот универзитет Грегоријанa ќе се одржи конгрес насловен „Теологијата на испит за синодалноста“
„Теологијата на испит за синодалноста“, е насловот на меѓународниот конгрес што го организира теолошкиот факултет на Папскиот универзитет Грегоријанa, во соработка со Генералниот секретаријат на Синодата. Собирот ќе се одржи од 27 до 29 април 2023 година на Папскиот универзитет Грегоријанa.
Повик за синодалност
Набљудувајќи ги различните искуства и визии за синодалноста кои произлегуваат од синодалните процеси на сите континенти, овој собир има за цел да ги истражи условите за теологија која го разјаснува сопствениот повик за синодалност со цел да ги одреди патиштата за обновена теологија и да ги постави основите за имплементацијата на синодските методи во теологијата.
Всушност, синодалноста и теологијата имаат многу заедничко – истакна отец Филип Габриел Ренцес СЈ, декан на Теолошкиот факултет на Папскиот универзитет Грегоријанa. И двете се во вродена тензија помеѓу основната цел да се навести Исус Христос во денешната Црква со привлечен и современ израз, и обидот да се пополни обемната и теоретска природа на двата концепта со идеи кои не секогаш се јасни.
Процес
Токму затоа е важно теологијата и синодалноста да се сретнат, меѓусебно да се слушаат и да влезат во директен дијалог, како што, меѓу другото, синодалниот процес бара од сите нас. Затоа што и обете можат многу да научат еден од друг – истакна отец Филип и додаде: Тоа е она што сака да го постигне овој конгрес, особено во својата вистинска глобална ориентација. (kta/rv)
Ватикан њуз/к.мк