„Бројаницата е најсилното оружје против злото. Вашата Бројаница ќе биде испратена во Украина, во рацете на оние кои ја чекаат, кои поминуваат низ страв и губат надеж. Бројаницата ќе им даде уверување дека Мајката ги штити“, им рече Јан Собило, помошнен бискуп на Запорожско-харковската бискупија, на младите собрани од 1 до 6 август на меѓународниот молитвен фестивал Младифест во Меѓугорје.
„Твојата Бројаница за Украина“ е насловот на иницијативата што собира Бројаници на 33. Младифест во Меѓугорје – каде во моментов се собрани млади луѓе од повеќе од 70 земји – кои на крајот ќе бидат однесени во земјата зафатена од војна. За иницијативата зборуваше украинскиот помошен бискуп на Запорожско-харковската бискупија Јан Собило, кој на вториот ден од средбата сведочеше за неговото прво доаѓање во Меѓугорје и за плодовите што следеа.
„Војниците со кои често комуницирам во последно време велат дека во најстрашните моменти кога луѓето губат надеж, помошта доаѓа од небо. Сфаќаат дека нечија молитва, пост и покровот на Пречистата Дева Марија, која е распослан над нив, ги штити од повреди и смрт“, рече бискупот Собило во своето сведочење.
„Нашите војници се потпираат на многу моќно оружје – Бројаницата. Вообичаено е да се видат со Бројаници околу вратот што ги носат во близина на срцето“.
Затоа, Украинците во Меѓугорје решија да соберат Бројаници за Украина. Учесниците на Младифест од целиот свет ги оставаат своите Бројаници, кои на крајот од меѓународниот молитвен фестивал ќе бидат однесени во земјата зафатена од војна.
Бројаницата, всушност, е многу слична на прачката на Давид и петте камења што ги имаше во торбата и ги користеше за да го победи Голијат“, рече бискупот Собило.
„Оние кои научија да ја молат Бројаницата во Меѓугорје, ги учат и другите. Ве молам сите вас, драги млади, да донирате Бројаници за сите оние во Украина кои ги сакаат, а немаат. Бројаницата е најсилното оружје против злото. Вашата Бројаница ќе биде испратена во Украина, во рацете на оние кои ја чекаат, кои минуваат низ страв и губат надеж. Бројаницата ќе им даде сигурност дека Мајката ги заштитува“, рече помошниот бискуп на Запорожско-харковската бискупија.
Ватикан њуз/к.мк