На иницијативата Милион деца молат за мир, одговориле повеќе од 840 000 учесници од целиот свет

На иницијативата Милион деца молат за мир, одговориле повеќе од 840 000 учесници од целиот свет

Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“, објави податоци за бројот на регистрирани учесници на овогодинешната молитвена иницијатива „Милион деца молат света Бројаница“ која се одржа на 18 октомври извести Catholic News Agency.

Повик за овогодинешната иницијатива упати и папата Фрањо, а според податоците за пријавените учесници, одговориле повеќе од 840 000 учесници од 140 земји.

Веројатно бројот е и поголем затоа што сите учесници не се регистрирале. Објавија и податоци за десет земји од кои се пријавиле најмногу учесници. Најмногу имало од Полска (246 823), потоа во Словачка (191 011), на Филипините (41 752), од Австралија (40 005), Индија (36 584), Шпанија (29 845), Португалија (25 911), Италија (25 563),  Бразил (23 858) и од Обединетото Кралство (21 720).

Истакнуваат дека само од Кенија се пријавиле 50 училишта, а меѓу останатите учествувале училишта од Јужна Кореја, Аргентина, Чиле и Мексико… Децата од разни земји молеа света Бројаница во светилиштето во Фатима, на кои преку радио и телевизија им се придружија и други.

Кампањата за Бројаница со деца е започната во 2005 година во Каракас – главниот град на Венецуела. Додека неколку деца молеле Бројаница во светилиштето покрај улицата, некои од присутните луѓе се потсетиле токму на зборовите на свети Падре Пио: Кога милион деца заедно ќе молат Бројаница, светот ќе се промени!“ Така оваа молитвена иницијатива брзо се раширила по целиот свет.

Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ (Aid to the Church in Need – ACN; Kirche in Not) ја поддржува од 2008 година, а организацијата на светската кампања ја преземаа пред три години.

Ика.хр/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот