Канцеларијата за печат при Светиот Престол во среда 3 април 2019 година објави дека на Велики Четврток, 18 април, папата Фрањо ќе го посети затворот Велетри, недалеку од Рим и таму ќе служи Миса Вечера Господова, со обредот миење нозе.
Со посетата е предвидена и средба со затворениците, вработените и полициските службеници. Со тоа Светиот Отец петти пат во својот понтификат за Велики Четврток одбира да служи во затвор.
Кратко после почетокот на својот понтификат папата Фрањо одлучи првиот Велики Четврток како Петров наследник да служи во затвор, токму така како што тоа го правеше додека беше надбискуп во Буенос Аирес. Како свештеник и бискуп мора да им служам на нив. Но тоа е должност која ми доаѓа од срцето, која ја сакам – истакна папата Фрањо во една прилика.
И како Папа продолжи со таа пракса и наоѓа време како би повикал или би посетил затвореници, дури и за време на пасторалните посети во Италија и светот. Добро е да излеземе од своите огради, затоа што од Божјото срце се прелива, разлева милосрдието, ширејќи ја Неговата нежност – напиша папата Фрањо во една Твитер порака пред две години.
Ватикан њуз/к.мк