На првиот ден од празникот Воскресение Христово – Велигден, недела 12 април 2026 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, служеше света архиерејска Литургија во црквата „Света Богородица Утешителка“ во Паљурци.
На евхаристиското славење присуствуваа голем број верници и чесни сестри Евхаристинки.
Во својата проповед, епископот Стојанов истакна дека Воскресението Христово претставува темел на христијанската вера и извор на нов живот за целиот свет и ги поттикна верниците радоста на Воскресението да ја сведочат во своето секојдневие.
Од Паљурци, духовниот центар на Црквата во Македонија, епископот упат молитви за обнова на црквата и нови духовни звања.
к.мк

