По повод патрониот празник на парохијата „Свети Никола“ – Секирник, на 19 декември 2018 година со почеток во 10.30 часот во парохиската црква ќе се служи свечена света архиерејска Литургија, која ќе ја предводи Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епископ Струмичко – скопски во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија и Скопската бискупија.
Светата архиерејска Литургија ќе биде пренесувана директно на Радио Марија Македoнија и ќе може да ја проследите на следниот линк: www.radiomarija.mk.
к.мк