Најава: Во Богданци ќе бидат изложени моштите на Свети Кирил

Најава: Во Богданци ќе бидат изложени моштите на Свети Кирил

По десет години моштите на Свети Кирил повторно ќе бидат изложени во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци, а верниците ќе имаат можност да се поклонат и да ги упатат своите молитви до апостолот на словенските народи.

На празникот на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј, петок 24 мај 2024 година,  со света Литургија со почеток во 10.00 часот ќе се прослави патрониот празник на парохиската црква во Богданци и десет години откако од страна на  епископот Киро Стојанов прв пат беа изложени моштите на Свети Кирил во Македонија.

За време на светата Литургија ќе проповеда отец Атанас Сирачев парохиски викар во Радово.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот