„За да се реализира животот, потребно е да се прифати предизвикот и да се напушти комотноста, сигурноста, пороците, гревовите и себичните пресметки. На ова денес Исус нѐ поттикнува сите нас, рече Папата во своето пладневно обраќање пред околу 15.000 верници присутни на плоштадот Свети Петар
„Tие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него“. Како и првите ученици кои Исус ги повика: „Појдете по Мене“, во животот на секој маж и жена доаѓа моментот на одлучувачка средба со Господ.
Запалена светлина во срцето
Ова го истакна папата Фрањо во своето пладневно обраќање за време на молитвата Ангел Господов во недела 22 јануари 2023 година, коментирајќи го Евангелието за неделната света Литургија. Со Исус секогаш е така – објасни тој – човек може да почне да чувствува привлечност кон него; тогаш тоа знаење може да стане лично и да запали светлина во срцето.
Храброст да појдеш
Но, порано или подоцна доаѓа момент кога е неопходно да се остави сè за да се следи Него (сп. Лука 11,27-28). И тука треба да се донесе одлука: Дали оставам зад себе одредени сигурности и се впуштам во нова авантура или останувам таму каде што сум? Тоа е одлучувачки момент за секој христијанин, бидејќи тука е во прашање смислата на сѐ друго. Ако не собереме сила да се придвижиме, постои опасност да останеме набљудувачи на сопственото постоење и да ја живееме нашата вера со половина срце.
Храброст да појдеш. Ова се бара од нас за да бидеме со Исус – рече римскиот епископ. Еве што од нас се бара да оставиме:
Секако, нашите пороци и нашите гревови, кои се како сидра кои не држат закотвени на брегот и не спречуваат да испловиме. За да започнеме да појдеме, добро е да започнеме со барање прошка; простување за работи кои не биле убави; Го оставам тоа и продолжувам понатаму. Но, мораме да ги оставиме и работите што не спречуваат да живееме целосно, како што се стравовите, себичните пресметки, гаранции дека ќе останеме безбедни ако живееме како порано.
Време е за Господ и за ближниот
Кои материјални работи, начини на размислување и навики треба да ги остави човекот за да може да му каже „ДА“ на Исус? – праша папата Фрањо и поттикна да се откажеме од времето потрошено на бескорисни работи за да ја откриеме, на пример, убавината на времето поминато служејќи на другите, кое е заморно, но исполнувачко; или во молитва за да растеме во пријателството со Исус.
Мислам и на едно младо семејство, кое остава мирен живот за да се отвори за непредвидливата и прекрасна авантура на мајчинството и татковството; тоа е жртва, но доволно е да ги погледнете своите деца за да сфатите дека било правилно да се напуштат одредени ритми и удобности. Мислам на некои професии, на пример лекар или здравствен работник кој се откажал од многу слободно време за да студира и да се образува, а сега прави добро посветувајќи многу часови на болните, дење и ноќе, многу физичка и ментална енергија.
Ватикан њуз/к.мк