„VativVision“ е називот на новата интернет платформа за гледање серии, документарни и играни филмови со католичка порака направена по примерот на „Netflix“ која со работа започнува на 8 јуни.
Содржината од седмата уметност како филмовите за Папи, за Ватиканските музеи, семејни филмови и оние кои се снимени за животите на светците се само дел од понудата на VativVision пишува италијански „Ла Стампа.“ „Целта е ширење на културата, уметноста и верата преку филмови, телевизиски серии и документарци вдахнати од христијанската порака“, објасни Лука Томасини претседател на спомнатата платформа на конференцијата за медиумите.
Првиот филм кој ќе биде прикажан на „католичкиот Netflix“ е документарецот „Lourdes“ во режија на Тиери Демаизиере и Албана Теурлаија за познатото француско светилиште. „Ја поздравуваме оваа иницијатива на католиците, христијаните и стручњаците за радио-телевизија кои се одговорни за проценка на она што да се избере, а што не,“ истакна префектот на ватиканската Дикастерија за комуникација Паоло Руфини и додаде дека католичката телевизија Tv 2000 понуди на VativVisiona вбројување во каталогот на понудите за документарни филмови кои се создадени во нејзина продукција.
Платформата е создадена на иницијатива на група верници лаици, но не е во сопственост на Црквата, ниту за нејзината уредувачка политика е одговорна Црквата. Ќе биде достапна во целиот свет со посредство на интернет најпрво во Италија, а наскоро и во САД, Мексико, Аргентина, Филипините, Шпанија, Полска и во други земји. Предвидена е и сопствена продукција VativVisiona, а пристапот на корисниците ќе им биде овозможен со едноставно плаќање (со картичка, PayPal и Vialplay). Заинтересираните ќе може да пристапуаат до содржините со различни уреди: паметни телефони и телевизори, таблет и секако преку комјутер и лаптоп.
Ватикан њуз/к.мк