Над 215 милиони христијани ширум светот се прогонувани

Над 215 милиони христијани ширум светот се прогонувани

Трета година по ред прогонството на христијаните соборува тажни рекорди.

Над 215 милиони христијани ширум светот се изложени на прогонство – тоа е застрашувачки податок со кој претставниците во Европскиот парламент, членовите на работните групи за меѓукултурен и меѓурелигиски дијалог на Европската народна странка, го запозна директорот на организацијата Open Doors, Мајкл Вартон.

Извештајот на организацијата Open Doors за 2017 година открива дека 215 милиони христијани во педесет земји кои се наоѓаат на Open Doors скалата се изложени на прогонство, додека 948 од нив се убиени во 2016 година заради нивната вера. Христијаните се најпогодени од конфликтите на Блискиот Исток, каде нивниот број се намали од 20% на 5%. Југоисточна Азија исто така е жариште на верски прогонства.

„Прогонството на христијаните секој ден добива нови застрашувачки размери, додека светот останува нем, оптеретен со други проблеми. Но, дали има поголемо злосторство од одземањето на човечкиот живот и ограничувањето на слободата на мисла, совест и вероисповед?“ – праша преставничката Маријана Петир и додаде: „Европскиот парламент веќе го осуди геноцидот кој се спроведува над христијаните во Ирак и Сирија, но на христијаните во цел свет им треба помош. Овие бројки се аларм кој ѕвони, не смееме да дозволиме тие од година во година да растат!“

Во Северна Кореја во која со закон е забрането да се биде христијанин, веќе 16 години по ред го држи првото место на скалата на земји во кои е најопасно да се биде христијанин, а следни се Сомалија, Авганистан, Пакистан и Судан – во овие четири земји прогонот на христијаните во 2016 година е зголемен во однос на претходниот. Најнасилно е во Пакистан кој се наоѓа прв на листата на насилство, дури и пред Северна Кореја. Бангладеш, Лаос, Бутан и Шри Ланка прв пат оваа година се најдоа на листата што го свртува вниманието и грижата на азискиот простор. Индија се наоѓа на највисокото место на скалата со регистрирани четириесет инциденти на месечна основа, вклучително со тепање на свештеници, палење на цркви и малтретирање на верници.

Примарната причина – исламскиот екстремизам кој е главната причина за насилството над христијаните во вкупно 35 од 50 земји на листата, зајакнат е со нов – етнички национализам. Додека во западните земји тој зазема облик на борба против структурата, во Азија етничкиот национализам се одржува со борба против малцинствата поттикнат од драматичниот религиски национализам и нестабилност на власта. Вообичаено е и многу лесно од нестабилните влади да се добие поддршка за насилство над христијаните.

Последните статистики покажуваат дека 1188 цркви се уништени или нападнати во изминатата година, вклучувајќи 97 во Европа.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот