Монс. Мосес М. Коста надбискуп метрополит на надбискупијата Чатограм во Бангладеш почина во понеделникот на 13 јули во болница во Дака, како последица на Ковид-19, извести Фидес.
Откако бил заразен од коронавирус монс. Коста е хоспитализиран и во болницата состојбата му се подобрила. Но, подоцна и покрај еден негативен текст на Ковид-19 состојбата му се влошила и завршил на интензивна нега каде доживеал серија мозични удари предизвикани од крварење на мозокот, што се покажало фатално. Малата католичка заедница во Бангладеш длабоко е погодена и ожалостена од забугата на надбискупот кој воедно бил и секретар на Епископската конференција на Бангладеш.
„Надбискупот бил истакнат лик на Католичката Црква во Бангладеш и водач кој многу го ценеле и нехристијаните. Неговата смрт предизвика болка, тага и жалост во целата Црква во Бангладеш, но и во општеството, во разни образовни и општествени организации во Бангалдеш,“ рече монс. епископот Мименсиг Пол Понен Куби, на светата Литургија задушница за покојнио надбскуп во Дака.
Монс. Мосес Коса е ракоположен за свештеник во 1981 година, а за епиксоп е избран во 1996 година. Неговите посмртни останки ќе бидат погребени во Читагонг.
Ика/к.мк