Надбискупот Цирил Васил именуван за Апостолски администратор ‘sede plena’во Кошице

Надбискупот Цирил Васил именуван за Апостолски администратор ‘sede plena’во Кошице

Светиот Отец го именува архиепископот Цирил Васил за Апостолски администратор на Источната католичка епархија во Кошице, Словачка.

Монсињор Васил беше секретар во Конгрегацијата за Источни цркви. Именувањето е објавено на 20 јануари попладне.

Цирил Васил е роден 1965 година во Кошице, Словачка. Теологија завршува во Братислава, за свештеник е ракоположен 1987 година од рацете на крижевскиот епископот Славомир Микловш. Во 1989 магистрира по црковно право и наредната година влегува во новицијат на Дружбата Исусова. Во 1994 година докторира канонско право на Папскиот Ориентален Институт, каде покасно станува декан, вице ректор и на крајот ректор.

Во 2009 година папата Бенедикт Шеснаесети го именува за секретар на Конгрегацијата за Источни цркви За титуларен епископ на Птолемаида го хиротониса крижевскиот владика Славомор Микловш.

Архиепископот Цирил Васил ја има посетено Македонија неколку пати, а последен пат беше во во ноември минатата година по повод предавањето на моштите на свети Јуда Тадеј и света Катерина Сиенска, и во таа прилика во Радово заедно со епископот Стојанов служеа света Литругија.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот