Надбискупот Кутлеша избран за потпретседател на CCEE

Надбискупот Кутлеша избран за потпретседател на CCEE

Претседателот на Хрватската бискупска конференција и загрепски надбискуп Дражен Кутлеша е избран за потпретседател на Советот на европските бискупски конференции (CCEE) за мандатот 2026–2031 година.

Изборот беше одржан во четврток, 29 октомври 2026 година, за време на пленарното заседание на CCEE во Салцбург, кое се одржува од 27 до 30 октомври на тема „Евангелизација и синодалност: Посланието на денешните свештеници во Европа“.

За претседател на CCEE повторно е избран досегашниот претседател, надбискупот на Вилнус, монс. Гинтарас Грушас, а за втор потпретседател надбискупот на Арма и примас на цела Ирска, монс. Имон Мартин.

Надбискупот Кутлеша е претседател на Хрватската бискупска конференција од 2022 година, а од април 2023 година е загрепски надбискуп. Роден е во 1968 година во Томиславград, а докторирал канонско право на Папскиот универзитет „Urbaniana“ во Рим.

Советот на европските бискупски конференции ги обединува католичките бискупски конференции во Европа и ја поттикнува нивната соработка во пасторалните и општествените прашања.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот