Надбискупот Галагер се сретна со министерот Османи

Надбискупот Галагер се сретна со министерот Османи

Секретарот за односи со државите при Државниот секретаријат на Светиот Престол, надбискупот Пол Ричард Галагер во сабота 18 јуни 2022 година оствари средба со министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи.

На средбата беше изразено задоволство од успешниот развој на билатералните односи меѓу Светиот Престол и Македонија кои се втемелени врз значајни историски врски, споделени културни вредности и заеднички духовни традиции.

Надбискупот Галагер ја реафирмираше поддршката на Светиот Престол на нашиот пат кон Европската Унија, цврсто верувајќи дека од интеграцијата на државата во европското семејство, полза ќе има не само регионот, туку и целиот континент.

фото: mfa.gov.mk

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот