Надбискупот Ауза: Во фокусот на политиката треба да биде човекот

Надбискупот Ауза: Во фокусот на политиката треба да биде човекот

Надбискупот Бернардито Ауза, апостолски нунциј и постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации, одржа говор на 50. собрание на Комисијата за население и развој која се заниваше со прашањето за проментие на старосната структура на населението и одржливиот развој.

Тој истакна дека светот поминува низ промена, зголемување на населението во состојба во која процентот на старите луѓе е поголем, а која го карактеризира ниска стапка на наталитет и долговечност. Тоа ќе има значајни последици на нивното на потрошувачката и брзината на економскиот раст. Надбискупот Ауза рече дека и покрај тие демографски промени кои донесуваат нови предизвици и можности, одржливиот развој, искоренувањето на сиромаштвото и одбраната на човековото достоинство и понатаму мора да бидат централна точка во нашиот заеднички одговор.

Надбискупот Ауза дека има доволно ресуриси, но, тие се распределуваат на неделотворен и несоодветен начин. Развиениот свет – кој има висока стапка на потрошувачка и ниска стапка на сиромаштво – често е одговорен за нерамнотежата во трговијата, неправедната распределба на ресурсите и деградацијата на околината. Надбискупот рече дека корупцијата, долготрајните конфликти и другите катастрофи чија причина е човекот, посебно во земјите во развој, многу повеќе придонесуваат за неправдата и утврдувањето на сиромаштвото отколку здраво растечката популација. Што се однесува до основните причини кои имаат влијание на проблемот на одржливиот развој, апостолскиот нунциј истакна дека се солидарноста, мирот и сигурноста најдобри одговори на нив. Секако тоа претпоставува темелна промена во политиките како во развиените земји така и во оние во развој.

Надбискупот Ауза рече добро е познато дека економскиот развој одговара на ниската стапка на наталитет и – кога го придружува вложувањето во образованието и здравството – се зголемува продуктивноста и благосостојбата на општеството. Но, додека родителството и сексуалното однесување секогаш се морални императиви, со присилното регулирање на плодноста, посебно под превезот на еманципацијата и правата, се поткупува личната слобода и одговорност. Почитувањето на човековиот живот од моментот на зачнувањето до природната смрт секогаш мора да ги обликува политиките, посебно меѓународната помош која би требала да се дели во согласност со реалните приоритети на земјите приматели, а не во согласност со наметнатата волја на донаторите.

Тоа почитување на животот мора исто така да ги насочува политиките кои владите ги донесуваат за да обезбедат корист од „демографските дивиденди“ – рече апостолскиот нунциј. Не само што треба да се вложува во образованието и здравствената грижа, туку и во соодветното домување и санитарија и во пристапот до чиста вода, посебно во земјите во развој. Тоа вложување претставува подобар одговор на основните причини на конфликтот, недостатокот на ресурки и претераната урбанизација. Станува збор за вложување кое ја зајакнува нашата младина – рече надбискупот Ауза.

Правото на животот исто така мора да влијае на тоа старите луѓе, луѓето со инвалидитет и оние најранливите да бидат во прв план на нашите развојни политики – рече постојаниот набљудувач на Светиот Престол. Не само што општетсвото треба да им овозможи потикнување на целосно вклучување и учество во сите аспекти на животот, туку нивната вродена вредност не смее да се сведе единствено на прашањето што можат да произведат или колку физички се способни. Да не се напушти никој значи исто така да се препознае дека вредноста на секој човек е поголема отколку неговиот или нејзиниот економски придонес и дека нашите товари треба да се делат. Мора да започнеме од одржливиот пристап на развојот во чиј центар е човекот, а кој е вкоренет во солидарноста и вистинската одговорност за потребите на сите луѓе, посебно оние најранливите – заврши надбискупот Бернардито Ауза.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот