„Апостолска посета на периферијата“ – така директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Грег Бурке го дефинира 21. меѓународно патување на папата Фрањо во Мјанмар и Бангалдеш, од 26 ноември до 2 декември, на средбата со акредитираните новинарите за таа посета.
„Папата Фрањо многу често зборува за периферијата и тоа патување навистина е на пероферијата – рече ватиканскиот гласноговорник: од една страна поради растојанието, а од друга страна поради малите католички заедници во двете земји. Во Мјанмар католиците се 650.000 од 51 милионско население, од кои 91% се изјаснуваат за будисти. Во Бангалдеш се 375.000 од 160 милионското население од кои 98% се изјаснуваат за ислам, која е државна религија.
Грег Бурке потсети на програмата за посетата на Папата и истакна дека и во двете земји Папата ќе ја донесе пораката на помирувањето, простувањето и мирот. Освен тоа, најави две важни средби, кои се додадени во програмата. Првата е средбата со шефот на бурманската војска генерал Мин Аунг Хлаинг, која ќе се одржи во четири очи на 30 декември. Втората е со група бегалци рохинџи, која ќе се спроведе во рамките на меѓурелигиската и екуменската средба за мир во Дака.
Пред светата Литургија во Дака, момчиња од улицата ќе му подарат на папата Фрањо сандали, кои сами ги изработиле. Меѓу придружниците на Папата ќе учествува и вработен – лаик од Ватиканската печатница. И во двете земји папата Фрањо ќе патува со обичен затворен автомобил, кој не е блиндиран – рече Грег Бурке. Во Мјанмар, Папата ќе престојува во архиепископијата, додека во Бангладеш ќе биде гост во апостолската нунцијатура.
Неодамна Бангладеш официјално премина од „слабо развиена земја“ во „земја во развој“, затоа уште посилна станува пораката на надежта која ја носи Папата, додаде ватиканскиот гласноговорник. Има уште еден важен елемент во таа посета – меѓурелигиската димензија. Во Мјанмар мнозинството исповеда будизам, а во Бангладеш ислам. Средбите со тие заедници ја покажува уште еднаш желбата на папата Фрањо да ја истакне важната улога на религиите за мирот и помирување.
РВ/к.м