По повод празникот Сретение Господово и Светскиот ден на посветениот живот, како и 130 годишнината од тргнувањето на сестра Еврозија Алоати – основателка на општеството на сестрите Евхаристинки од Италија за Македонија за да ја основа заедницата, Католици.мк ви го пренесува сведоштвото за духовниот повик на с. Јоана сестра Евхаристинка.
Таа престојува во Генералната куќа на општеството на сестрите Евхаристинки во Софија, се грижи за болните и возрасните сестри во манастирот, а истовремено предава и веронаука на децата и младите од парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Софија.
Во почетокот на историјата Бог и јас, постоев само јас, затоа што животот ми беше далеку од Бог. Тој ми беше непознат, дури и отфрлен од мојот разум и спознание. Имав живот како што го живеат сите млади денес кои што не Го познаваат. Но, ја барав среќата која ќе ме исполни. Ја барав насекаде во светот во бучната забава со многу пријатели, со кои се забавувавме, следуваа студенските години кои ми вдахнаа нови мечтаења. И сето тоа заради барањето на среќата. Среќата која ќе ја исполни големата бездна која се отвораше во мојата душа, после секоја забава, после секој испит, после секој успех.
Но, Бог ме познавал од вечноста. Само преку Неговото милосрдие и светото провидение, ми дозволи во животот „по случајна среќа“ преку добриот пример на милосрдието да живеам со верност кон Него. Следуваа првите чекори во верата: Крштение, Прва Причест, контакт со Светото Писмо, обид за да живеам верно на Бог, паѓање па повторно исправување, борба со лошите навики.
После една забава со моите пријатели, утрото при изгрејсонце над мирното море, во срцето разбрав дека Бог сака да Му го посветам својот живот. За да можам другите да ги доведам до Него, да ги доведувам до Него оние кои не Го познаваат. Го добив дарот на повикот како еден скапоцен камен, кој го сочував во мене. Но, тој камен требаше да се полира – да останам верна на повикот пред тешкотиите – несфаќањето од страна на родителите, блиските и пријателите, стравот од неизвесноста, моментот на храброст и моментите на неуспех.
Остануваше само одлучувачкиот чекор: да се предадеш со доверба во Божјите раце и да Му довериш сè, и го правиш чекорот. „Боже направи од мојот живот обично средство со кое Ти ќе се послужиш за да биде израмнет патот Господов во срцето на секој човек.
к.мк