Молитвена накaна на Папата за јуни 2021 година

Молитвена накaна на Папата за јуни 2021 година

Во центар на молитвената накана на Папата за месец јуни 2021 година е брачната среќа.

Во видео пораката објавена од Папската молитвена мрежа за јуни, Папата повикува на молитва за младенците. „Да се молиме за младите луѓе, кои со поддршка на христијанската заедница, се подготвуваат за брак со цел да растат во љубовта – великодушно, верно и трпеливо“, повика Папата.

При тоа предупреди дека е потребно многу трпеливост во љубовта, додавајќи: „Но, се исплати зарем не?“ Да се биде венчан и да се живее заедно истовремено е убаво и напорно; понекогаш тешко, понекогаш спорно, но вреди да се ризикува на тој пат, истакна Папата.

Бракот не е само општествен чин, туку е повик, кој расте од срцето, свесна одлука за цел живот, за која е потребна на некојначин и подготовка, рече Светиот Отец во својата молитвена накана за јуни.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот