Во видео порака за молитвената накана на Папата за месец мај 2021 година, објавена од Светската молитвена мрежа, Светиот Отец ги препорачува одговорните за финансиите.
Во мај, Светиот Отец повика на молитва за сите кои се задолжени за финансиите – да соработуваат со властите за регулирање на пазарот и за заштита на граѓаните од опасности.
„Реалната економија, која создава работни места, е во криза. Многумина сега се невработени! Но, финансиските пазари никогаш не биле толку во инфлација, како што се сега. Колку е оддалечен светот на високите финансии од животот на обичните луѓе!“, рече Папата.
Тој исто така истакна дека состојбата на нерегулирани финансии доведува до шпекулации водени од разни монетарни политики, а таквата состојба е неодржлива. Светиот Отец затоа повика на инклузивна и одржлива економија, која никогаш никого не заборава. „Финансиите нека бидат облик на служење, начин да се служи на народот и грижа за заедничкиот дом!
Ватикан њуз/к.мк