Молитвена иницијатива на Сестрите Евхаристинки: 24 часа со светата Бројаница во месец октомври
По повод Епископската синода за млади која се одржува во месец октомври, Сестрите Евхаристинки ги повикуваат сите луѓе со добра волја да се приклучат на молитвената иницијатива „24 часа со светата Бројаница во месец октомври,“ со накана за младите и Епископската синода за млади.
„Ве покануваме заедно да направиме „жив синџир“ со Бројаницата, со тоа што ќе се присоединиме со нашата алка – една десетка, која ќе ја молиме секој ден во месец октомври во истото време, (според можностите) обединувајќи со сите други, кои се молат со накана за младите и Епископската синодата за младите на тема „Младите, верата и распознавањето на повикот. Исто така се препорачува да се додаде и древната молитва „Sub tuum“ (Под твојата заштита прибегнуваме) и молитва до свети архангел Михаил, која ја напишал папата Лав XIII, како што поттикна папата Фрањо“ – стои во соопштението на Сестрите Евхаристинки.
Оваа иницијатива е инспирирана од делот од Првото Посланието до Солунјаните каде се вели: „Молете се постојано!“ (1Сол 5, 17)
к.мк