Меѓународната средба „Мир без граници“ ќе се одржи во Мадрид од 15-17 Септември, организирана од Заедницата на Свети Егидиј во соработка со Архиепископијата од Мадрид
Настанот, во духот на историската средба во 1986 година во Асиси, ќе собере повеќе од 300 верски и политички лидери и илјадници учесници од цела Европа, кои ќе кажат „не“ на многуте војни што во моментот се водат во светот, како и сè поизразената атмосфера на насилство и расизам. Целта на „Мирот без граници“, една од најголемите мировни манифестации во светот е да даде конкретен стимул за мирот и дијалогот.
На средбата ќе присуствуваат, меѓу другите, Претседателот на Централноафриканската Република, Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, главниот рабин од Тел Авив, рускиот православен митрополит Хиларион, ректор на Универзитетот Ал-Азар, потоа основачот на Заедницата на Свети Егидиј, претседателот на Италијанската епископска конференција, кардинал Гуалтиеро Басети и Архиепископот Матео Зупи од Болоња.
Деновиве во Мадрид ќе се разговара за мирот, екуменскиот и меѓурелигискиот дијалог, разоружувањето и ненасилството, миграцијата, економијата, развојот, социјалната правда и заштита на околината. Отворањето на средбата „Мир без граници“ е закажано за недела, 15 септември, во 18 часот во Конгресниот центар во шпанската престолнина, додека целиот настан ќе заврши со молитва и апел за мир во вторник, 17 Септември во 20 часот на плоштадот пред Катедрала во Мадрид.
Ватикан њуз/к.мк