Мајчиниот јазик е бедем против културолошката колонизација

Мајчиниот јазик е бедем против културолошката колонизација

На 21 февруари се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Имено УНЕСКО во 1999 година донесе одлука со која на 21 февруари го прогласи за Меѓународен ден на мајчиниот јазик, потсетувајќи на обврската за зачувување на сопствениот јазик, но и за јазичната разноликост на светско ниво.

И папата Фрањо во повеќе наврати зборуваше за важноста на мајчиниот јазик, меѓу другото и како бедем против идеолошката и културолошката колонизација, против едноумието, со кое сака да се уништи разноликоста.

Нема таква културолошка колонизација која може да го победи дијалектот – истакна Папата на 23 ноември минатата година за време на светата Миса, која ја служеше во домот Сета Марта. Истакнувајќи ја важноста на жената за зачувување на сеќавањето и јазикот, папата Фрањо во таа прилика рече дека Божјиот народ одел напред благодарејќи на силата на бројните храбри жени, кои знаеле да ја пренесат верата на своите деца и само мајките знаат да ја пренесат верата на дијалектот.

Оваа година се одбележува 70 години од Општата декларација за човекови права во која меѓу другото се изјавува дека секој има право на сите права и слободи наведени во таа декларација, без разлика на јазикот. Додаваме дека важноста на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е потврден 2001 година кога на 31. Генерално собрание на УНЕСКО е усвоена Декларацијата за културна различност во која во член 5 стои дека на секој човек мора да му се овозможи изразување и создавање дела на јазикот кој ќе го одбере, посебно мајчиниот. Од тогаш секоја година во светот се одбележува спомнатиот ден, како заеднички симбол за рамноправноста на сите народи.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот