Мала Богородица – Раѓање на Пресвета Богородица

Мала Богородица – Раѓање на Пресвета Богородица

На 21 септември, Црквата го слави празникот Раѓање на Пресвета Богородица, Мала Богородица. Таа била избрана од Бога од сите луѓе на земјата и Бог ѝ довери на неа чест и задача да го роди самиот Бог. Зачната без прародителскиот грев, Марија во потполна понизност ја исполни Божјата волја, свесна за големината на дарот со која беше обдарена, како и за одговорноста што и беше доверена.

Славење на роденден ги зближува луѓето. Раѓањето на Марија ја собира Црквата, која исто така ја слави литургиски, бидејќи нејзиното раѓање најавува нешто уште поголемо – раѓањето на Исус на Божиќ.

Со булата Ineffabilis папата Пиј IX. во 1854 година ја дефинира догмата за Безгрешното зачнување на Богородица.

„Изјавуваме, објавуваме и потврдуваме дека Блаженеа Дева Марија во првиот час на нејзиното зачнување била со посебна милост и привилегија Божја, за претскажување на заслугите на Христос Исус, Спасителот на човештвото, зачувана недопрена од секоја дамка на источниот гревот, тоа е од Бога објавено и затоа сите верници мора цврсто и трајно да веруваат во тоа“.

Традицијата, дури и пред конечната дефиниција на догма, ја слави онаа во која се излеа Божјата благодат во моментот на нејзиното зачнување. Црквата го слави роденденот на Марија; раѓањето на онаа, која е залеана со Божјата наклоност, избирајќи ја како соработничка и сооткупителка во историјата на спасението. Целиот нејзин живот, набљудуван од зачнувањето до крајот на нејзиниот живот, е насочен кон исполнување на една задача, имено, да биде мајка Господова; бидејќи со сето свое битие, со сета своја сила и во сите прилики од својот живот, таа се посветила на таа определба; за ова таа секогаш и секаде била девица, секогаш и секаде заради нејзината божествено мајчинство. Тоа беше посебна благодат на нејзиниот живот.

Важноста на нејзината согласност, изреченото „ДА“ со послушна вера, ѝ дава првенство и блаженство меѓу луѓето. Марија е избрана од Бога. Веќе во нејзината генеалогија може да се види навестувањето на вистинскиот ѕвезден сјај. Таа е од царски род, од потомството на Авраам и од славниот род на Давид. Марија е таа, единствената, која доаѓа од Бога ветена од старозаветните отци во неколку наврати, обележана со таинствени чуда и претскажана со пророчки сведоштва. Марија е „силната жена“ што ја бараше Соломон кога рече: Кој може да најде силна жена? Таа е грмушка што гори, а не изгорува, нова Ева; жена облечена во сонце.

За Марија се зборува низ вековите, пишуваат светците. Можеби најубавите зборови напишани за Богородица потекнуваат од перото на Свети Бернард од Клерво. Тој ја почитува Марија на посебен начин пишувајќи за неа, истовремено сметајќи ги недостојни сите јазици – и човечки и ангелски – и нивните говори за неа. Да се зборува за неискажливото таинство изгледа несоодветно – вели светецот, бидејќи:

„Сите ја почитуваат, сите ја слават и ја примаат како што треба. Иако се обидуваат да зборуваат за тоа, сепак, што и да се каже за неискажливото е помалку допадливо, помалку сакано и помалку прифатливо. Како да не е соодветно – без оглед на неразбирливата слава – човечкиот ум може да разбере?

ФБ/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот