Македонски Каритас одржа седница на Управниот одбор

Македонски Каритас одржа седница на Управниот одбор

Во среда 19 ноември 2025 година се одржа четвртата редовна седница на Управниот одбор на Хуманитарно добротворната фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС – Скопје.

Управниот одбор заседаваше во полн состав на кој се зборуваше за тековните и планираните проектни активности на Македонски Каритас, можноста за отворање подружници на Каритас во југоисточниот дел на Македонија, како и учество на Парохиските Каритаси во активностите на Македонски Каритас

Седницата заврши со архиерејски благослов на Н.В.П. д-р Киро Стојанов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот