Ломбарди демантира: Папата Фрањо не спроведува никаква анкета
Директорот на канцеларијата за печат при Светата Столица, патер Ломбарди појасни дека папата Фрањо на католците во светот не им упати никаква анкета со прашања за истополови заедници и разведени лица, како што јавија некои медиуми.
Тврдењето на италијанскиот дневен весник Il Fatto Quotidiano не е вистина, станува збор за обичен документ кој генералниот секретар на Епископската синода, архиепископот Лоренцо Балдизери, го испрати на Епископските конференции во светот – изјави о. Ломбарди за ЦНА.
Ломбарди додаде дека синодата ќе се одржи од 5-19 октомври 2014 и ќе биде посветена на пасторaлните предизвици на семејствата во контекст на евангелизацијата. Централна тема ќе биде пасторалните методи поврзани со проблемот со разводите, како и останатите предизвици поврзани со здрави семејства.
Национал Географик Репортер на 1 ноември го опиша докумнетот како анкета, преку која се бара мислење од католиците за научувањето на Црквата. Дневниот весник Il Fatto Quotidiano уште истиот ден напиша дека „Одлуката на Папата е преседан“.
Меѓутоа ваквиот начин на собирање податоци за Епископска синода не е ништо непознато за Црквата. Синодата која минатата година расправаше на тема Нова евангелизација исто така од Епископските конференции побара да ја поттикнат работата со теми поврзани за евангелизацијата и да ги срочат своите заклучоци.
Во своето писмо од 18 октомври архиепископот Балдисери побара од епископите што побрзо и опширно да го спроведат овој документ. Докумнетот е упатен до сите епархии во светот, а се однесува за решавање на пасторални прашања за да им се помогне на луѓето кои живеат во несредени семејни ситуации.
Патер Ломбарди истакна дека прашањата во анкетата не се однесуваат за научувањето на Црквата, објаснувајќи дека документот има исклучиво само советодавен карактер и е редовна пракса на Епископската синода.
Извор: Битно нет/Превод:го*ко