КРАЛОТ, МОНАХОТ И ГОТВАЧОТ

Еден крал решил да отпушти еден ценет монах од еден манастир, чиј што игумен бил самиот монах, а на негово место назначи свој човек. Го викнал монахот и му рекол:

– Преподобни оче, разбрав дека не сте доволно учен, за да бидете игумен на манастирот. И така, за да има ред во моето кралство и да имам чиста совест, ќе ви зададам три прашања. Ако ми одговорите правилно ќе постигнете две работи: едната – луѓето кои што ве претстатвија во таква светлина, ќе бидат прогласени за лажговци; и второ – ќе ве направам доживотен игумен. А ако не одговорите, ќе ми простите но…

Монахот го замолил да му ги каже прашањата. Кралот рекол:

– Првото прашање е колку чинам јас, второто – каде е средината на светот и

третото – што мислам јас.

И потоа го испратил монахот да си отиде за да мисли и да му одговори за еден месец.

Се вратил монахот во манстирот и седнал да ги прелистува дебелите книги. Барал,барал, барал но, ништо не нашол по овие прашања. Одел тажен и замислен низ манастирот и сам си зборувал.

Еден ден готвачот го забележал и решил да го праша што му е. Монахот мавнал очајно со рака. Но, готвачот не го оставил на мира:

– Кажете ми, преподобни, бидејќи понекогаш едно мало каменче ги обрнува тешките коњски коли…

Свештеникот му раскажал за средбата со кралот и за добиените прашања. Готвачот малку се замислил и рекол:

– Ваше преподобие, ете што ќе направиме. Дајте ми ги вашите алишта, јас ќе се избричам и бидејќи малку си личиме, ќе отидеме во мракот при кралот и тој нема да разбере дека го мамиме. Па јас, тој ќе ме помисли дека сте вие, ви ветувам ќе ја свршам работата.

Монахот се согласил. Готвачот се преоблекол и двајцата отишле и се представиле пред кралот. Тој ги поканил да седнат и прашал:

– Какви се одговорите на моите прашања?

Готвачот одговорил:

– Прво, во однос на прашањето колку чини Вашето Величество, велам дека чините 29 сребреника, бидејќи Исус чинел 30.

По второто – каде е средината на светот – таму каде што ви се нозете. Ако земјата е округла како топка, каде ќе ги поставете вашите нозе, таму е центарот.

По третото прашање да кажам јас што мислите вие – ами, вие мислите дека зборувате со монахот, но зборувате со неговиот готвач.

Вчудовиден и разгневен кралот извикал:

– Вистина ли е?

– Да Ваше Величество! Јас сум неговиот готвач и јас сум доволен за да одговорам на Вашите прашања, а не мојот господар – монахот да се занимава со нив.

Кралот останал поразен од дрскоста и умот на готвачот и не само што го зацврстил монахот појако во неговата работа, но и го наградил неговиот готвач со многу дарови.

Така да не е лошо понекогаш човек да знае, дека не сé се учи  од книгите. Многу се научува од контактите со други луѓе – бедни и богати; млади и стари; продавачи и министери. Да не гледаме зајадливо и лицемерно кон другите. И тие знаат многу работи. А и во тоа нема ништо чудно.Та нели пред Бога сите сме едно!!!

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<