Папата Фрањо и патријархот на Коптско – православната црква Тавардос II потпишаа заедничка декларација со која меѓусебно се признава светата Тајна Крштение. Документот е објавен после нивната средба во Каиро при што во него најпрво се потсетуваат на напорите за формирање на Комисија за теолошки дијалог од страна на нивните претходници Павле VI и тогашниот патријарх Шеноуд III, кои го започнаа заедничкото чекорење.
Во декларијата се истакнуваат посебно на изработката на заедничкиот превод на Господовата Молитва, како и на воведување единствен датум за славење на Воскресението Христово
Католиците и Коптите – стои понатаму во документот – може сложно да сведочат за заедничките вредности на човечкиот живот, светоста на бракот и семејството, како и почитување на создаденото. Во декларацијата се повикува на посилна молитва за сите христијани кои се во прогонство и се убиваат поради нивната вера, посебно во Египет и Блискиот Исток.
Најважно е што во документот се решава проблемот кој претставуваше постојан извор на напнатост во дијалогот помеѓу Коптите и Католиците: инсистирањето на повторно крштение по преминот од една во друга Црква. Во декларацијата Светиот Отец и коптскиот патријарх прогласуваат дека лицето кое сака да премине од една во друга Црква, Светата Тајна Крштение нема да му биде поделена повторно, на лице кое веќе ја има примено, без разлика дали е примена оваа Света Тајна во Католичка црква или во Коптска православна црква.