Катедралата во Скопје се подготвува за празникот Рождество Христово

Катедралата во Скопје се подготвува за празникот Рождество Христово

Во пресрет на празникот Рождество Христово – Божиќ верници од катедралната парохија „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје, доброволно се вклучија во уредувањето на црквата и црковниот двор и ја украсија божиќната елка. Претходно беше направена и божиќната пештера. Оваа акција ја организираа свештениците од катедралната парохија.

Од парохијата искажуваат благодарност за помошта на волонтерите, псоакувајќи им Богомладенецот да ги благослови и да им ги дарува сите потребни милости.

За време на Божиќниот пост во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје се служат утрински свети Литургии, а исто така се моли и Деветница за празникот Рождество Христово.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот