Скопје: Каритас и мигрантската криза

На 14 април 2016 година во Скопје, се одржа работна средба на претставници на Католичката хуманитарна организација – Каритас, чиј главен фокус беше мигрантската криза, улогата и одговорот на  националните Каритас организации.

На средбата присуствуваа претставници од: Каритас Интернационалис, Каритас Европа, Каритас Австрија, Каритас Германија, Каритас Италија, Каритас Франција, Каритас Швајцарија, Каритас Луксембург, Каритас Холандија, Каритас Белгија, Каритас на Англија и Велс, Каритас Хрватска, Каритас Србија, Каритас Грција, ЦРС и домаќинот на средбата Македонски Каритас.

На самиот почеток на средбата присутните ги поздрави и им изрази добредојде директорот на Македонски Каритас монс. Антун Циримотиќ, кој воедно се заблагодари за големата помош што Каритас ја пружи на мигрантите/бегалците.

Во работниот дел присутните беа запознати со моменталната ситуација во Грција, Македонија, Србија и Хрватска, а потоа секоја земја, даде извештај како и на кој начин одговара на мигрантската криза, односно пружи помош. Исто така стана збор и за следните чекори како и за пружање на техничка помош на националните Каритас организации.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот